ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јакимовски: Нема да го потпишам кодексот ако нема ветување за Мастер дебата

Кандидатот за претседател на државата, Стевчо Јакимовски рече дека ќе го почитува Кодексот за фер и демократско водење на претседателската кампања, но нема да го потпише ако актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски не даде јавно ветување дека Мастер дебатата, за којашто денеска од Изборниот штаб на Пендаровски рекоа дека се откажува, сепак ќе се одржи.

„Навистина е чудно што на локални избори одиш на дебата три пати, кога се разговара за канализации, водоводи и паркови, а кога разговараме за битни државни прашања да немаме ниту една дебата“, рече Јакимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button