Јанакиевски и Спировски редовно го информирале Велјановски за протестите на „За заедничка Македонија”, вели Русковска

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, обвинет во случајот „Организатори на 27 април”, имал задача по секоја цена да спречи избор на нов претседател на Собранието на 27 април 2017 година, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска, во завршниот збор за овој предмет.
Таа во продолжение истакна дека обвинетиот Велјановски, не го ставил на гласање предлогот на пратеникот Оливер Спасовски, кој имал потписи од 10 пратеници. Тоа, според обвинителката Рускоска, не било сторено со единствена цел да не се избере нов претседател на Собранието.
– Улогата на обвинетите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски била да ги организираат протестите „За заедничка Македонија”, додека улогата на обвинетите Владимир Атанасовски, била да укаже поддршка со акти на насилство и да се спречи изборот на претседател на Собранието, рече обвинителката Рускоска.
Обвинителката Рускоска, посочи дека обвинетите Јанакиевски и Спировски, редовно го информирале обвинетиот Велјановски, за протестите. Во ова прилика обвинителката читаше дел од исказот на Александар Василевски – Нинџа, кој претходно изјави дека обвинетиот Владимир Атанасовски и Никола Бошковски (не е достапен на органите на прогонот) „ги координирале патриотските здруженија во протестите „За заедничка Македонија”.