ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јаневска: Две третини од слободните места се за упис во стручните училишта

Стручното образование е во фокусот и на годинашниот Конкурс за запишување во средните училишта за учебната 2025/2026 година што го објави МОН.

Advertisements

Од предвидени 27 600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7900 се слободни за гимназии, а околу 18 000 за стручни училишта, од кои 6700 за дуалното образование. Останатите слободни места во објавениот конкурс се за уметничките училишта и за Спортската гимназија.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека бројот на дуални паралелки во училиштата е зголемен согласно анализата на пазарот на трудот во општините и во зависност од тоа колку компании се заинтересирани.

-Но, секако, тој процес се подобрува и очекувам оваа година да биде на навистина задоволително ниво. Се зголемува и бројот на компании, над 550 компании веќе се активно вклучени, по завршување на конкурсот ќе видиме уште колку други ќе се вклучат. Но, според информациите кои ги добивам, постои заинтересираност за дуалните паралелки, изјави Јаневска.

Во минатите две учебни години стручните училишта беа избор за две третини од вкупниот број запишани ученици во прва година. Овој тренд, според Јаневска, нема да има негативен ефект за гимназиското образование.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button