ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тркалезна маса: Државата е на крстосница меѓу стариот систем и новата европска иднина

Планот за раст и Реформската агенда не се само услов за интеграција, тие се инструмент за оздравување на нашата држава. Реформите не се само за исполнување на барањата на ЕК, туку и за секој граѓанин што сака подобра едукација, ефикасна администрација, чист воздух, фер правда и вреден труд.  Агендата нуди рамка за градење на пофер, позелено и понапредно општетсво, но за таа да биде успешна, мора реформите да бидат ефективни, инклузивни и транспарентни.

Advertisements

Ова беше порачано на отворањето на Тркалезаната маса за предизвиците и придобивките од Планот за раст за Западен Балкан.

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето воведно обраќање, порача дека секој народ има моменти кога мора да избере дали ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од длабоки и храбри промени и дека државата е токму во еден таков момент – на крстосница меѓу стариот систем и новата европска иднина.

-Планот за раст и Реформската агенда не е се само услов за интеграција. Тие се инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button