
Од 1990 година, овој магазин ги избира најубавите луѓе во светот со цел на читателите да им ги приближи познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавината и инспирираат со својот пример. Преку овој престижен избор низ годините беа претставени бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои и првата ѕвезда од насловната страница – Мишел Фајфер, а подоцна и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други.
По огромниот успех во хорор филмот „The Substance“, во кој толкува жена опседната со вечна младост, Деми за „Пипл“ прозборе околу нејзиниот поглед на убавината.
„Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на удобност во сопствената кожа“, рекла Мур.
Деми, исто така, истакнала дека, по години поминати под притисок да изгледа совршено, конечно нашла поздрав и порелаксиран однос кон сопственото тело и живот. Таа изјавила дека вистинската убавина не е во годините или изгледот, туку во тоа да бидеме свои и со љубов да се грижиме за себе.
Минатата година оваа ласкава титула ја освои актерката Софија Вергара (51), која исто така отворено зборувала за предизвиците и личниот раст.
„Животот не бил отсекогаш лесен, но никогаш не сум се чувствувала посилна“, изјавила Вергара.