
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, беше прилично оптимистички расположен во разговорот со медиумите и ги најави двата квалификацисики натпревари за Европското првенство.
Македонија во овој прозорец ќе ги одмери силите со Полска и Естонија, а во групата е уште и големиот фаворит и редовен учесник на големите собири, репрезентацијата на Литванија. Селекторот Јончeвски смета дека шансата нњ Македонија е во дуелите со Естонија.
„Само една репрезентација од квалификациската група нема да патува на Евробаскетот. Полска е домаќин, а Литванија со децении нема пропуштено големо натпреварување. Мислам дека натпреварот со Естонија е клучен за нашиот пласман во групата и најголем акцент ставаме токму на овој противник.
Јас би бил задоволен со било каков триумф, затоа што Естонија има голем подем во кошарката. Имаат многу интернационалнци кои настапуваат во најсилните лиги како шпанската и италијанската. Тие сакаат не само да играат на Европско првенство, туку и да остварат солиден пласман на турнирот.
Ние имаме свои адути, играме на домашен терен и атмосферата ќе биде на одлично ниво. Играчите ќе го дадат својот максимум и верувам дека сите ќе бидеме мотивирани за овие предизвици“, вели Јончевски
Македонија ги започнува квалификациите за Европското првенство со натпреварот против Естонија, кој ќе се одигра во салата СРЦ „Кале“ на 23 февруари, со почеток во 19:00 часот.