ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовески кажа како е пронајдено 45-ттото тело од автобусот

Во опожарениот автобус на „Беса Транс“ е пронајдено 45-тто тело. Ова се случило при повторен преглед на возилото. Веста ја соопшти Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на денешната прес конференција.

„Во изгорениот автобус пронајдено е уште едно тело на починат патник, коешто е пренесено во Институтот во Бугарија, се работи за лице на помлада возраст. Со оглед на тоа, во оваа сообраќајна трагедија настрадале 45 патници, а седуммина се пренесени на лекување до болница во Софија“, рече Јовески.

Како што појасни тој, телото е пронајдено за време на активностите за техничкото вештачење на автобусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button