ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовески: ДНК материјалите утре ќе бидат предадени на бугарските истражители

ДНК анализите на роднини на загинатите патници во автобуската трагедија што се случи во Бугарија утре ќе им бидат предадени на бугарските истражители кои денеска пристигнаа во земјава, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

„Покрај тоа, на бугарските претставници ќе им ја доставиме и сета документација што досега е обезбедена од Јавното обвинителство. Пред сѐ, документацијата којашто е одземена од „Беса Транс“, како и податоци од Министерството за транспорт и врски“, рече Јовески, додавајќи дека до Бугарија денеска е упатена и замолница на идентификацијата на починатите да присуствуваат и претставници од Институтот за судска медицина во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button