ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
ЈСП во долгови, приватните превозници бараат субвенции

Долгови, небезбедни транспортни автобуси и несоодветни услови за работа на администрацијата се дел од проблемите со кои се соочува Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје. ВД директорот на оваа компанија Иван Илиевски вели дека фирмата ја затекнал со долг од 2 милиони евра и автобуси со технички проблеми.
За време на периодот на пандемијата, ЈСП генерира голем долг кон приватните превозници. Во моментов должат околу 50 милиони денари. Приватните превозници велат дека од Град Скопје и ЈСП ќе бараат да им се плаќа повисока цена за километар или да добијат субвенции за да купат подобри автобуси.
Поради неплаќање навреме, приватните превозници одамна протестираа со неколкучасовен прекин на нивните линии.
Мефаил Исмаили