ВЕСТИЗДРАВСТВО

Има ли хоспитализирани пациенти со примена трета доза? Еве што велат од Инфективна

На Инфективната клиника во Скопје досега не е примен ниту еден пациент со трета доза. Директорката на оваа клиника, Милена Стевановиќ, ја истакна важноста од третата доза, особено против најновата варијанта на корона вирусот, позната како Омикрон. Последните научни истражувања покажаа дека третата доза покажала висока ефикасност против новата варијанта, дури 80% заштита, додека експертите велат дека прагот за третата доза е веќе намален од 6 на 3 месеци.

Досега околу 96.000 луѓе се вакцинирани со третата доза против Ковид.

„Кај возрасната група од 18-64 години, со првата доза се вакцнирани 46,7%, додека со две дози 45,1% од населението, односно со три дози вакцина против Ковид се вакцинирани 3,1% од населението“, велат од Министерството за здравство.

Лицата кои ќе ја примат третата доза можат да добијат потврда од матичен лекар или преку страницата vakcinacija.mk

Инаку, Европската комисија од 1 февруари 2022 година донесе регулатива, со која секој што сака да влезе во Европската унија, треба да има документ со кој се докажува дека сте примиле трета доза против Ковид. Ваквата регулатива на ЕК доаѓа по високата бројка на варијантата Омикрон, која станува доминантна ширум светот.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button