РАКОМЕТСПОРТ

Како почна така и заврши сезоната, ниту еден освоен бод и 14 порази

Како почна така и заврши сезоната на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. „Зелените“ во Трондхајм го забележаа 14.пораз во исто толку натпревари. Во последното коло, во дуелот на отпишаните Колштад го победи Еурофарм Пелистер со 34:27 (17:13).

Натпреварот во Трондхајм беше реше во раната фаза на првиот дел, кога по 15 минути игра Колштад стекна предност од седум голови (11:4). До крајот на првиот дел Е.Пелистер ја намали предноста на домашниот тим на четири гола. Во вториот дел Колштад го држеше Пелистер на четири или пет гола.

Борзаж со 11 голови беше најефикасен кај Пелистер, во чии редови се истакна и голманот Лесјак со 10 одбрани. 11 голови на спротивната страна постигна Лисе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button