СПОРТ

Карате шампионката Ера Коџа на европско првенство во Финска

Петнаесет годишната дебарска каратистка Ера Коџа, шампионка во својата конкуренција, ќе ги брани боите на македонската карате репрезентација на европското првенство во Тампере, Финска.
-Ера денеска како член на македонката карате репрезентација замина за Тампере, Финска, каде од 20 до 22 овој месец се одржува Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Таа ќе се натпревара во категоријата кадети плус 54 килограми. Борбите ќе ги има првиот ден од првенството, в петок, изјави за МИА, Дурим Пачуку, тренер на дебарскиот карате клуб „Уранику“.

Додава дека имале интензивни подготовки како во Дебар, така во Скопје и очекува успешен настап.

-И посакувам, како и на останатите наши каратисти, успешни борби, достојно претставување на државата и секако освојување медал. Место меѓу најдобрите македонски каратисти, Ера обезбеди на државното првенство во карате за кадети, јуниори и каратисти до 21 година, што се одржа јуни во Скопје, па посакувам успехот да го повтори и во Тампере, зошто да не биде и европска шампионка, посочува Пачуку.

Младата каратистка и тренерот пред заминувањето ги примил и градоначалникот Хекуран Дука, кој и посакал успешен настап и ветил дека и понатаму како татко на градот ќе продолжи да го поддржува клубот и ќе се гордее на секој успех на спортистите.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button