СПОРТФУДБАЛ

Карло Анчелоти: Да ја сочуваме предноста со Лајпциг, но и да дадеме гол

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше со медиумите во пресрет на возвратниот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг и изјави дека овој меч ќе биде одлична можност за „кралевите“ да го покажат својот раскошен потенцијал.

Италијанскиот стратег беше расположен за разговор и рече дека дуелот нема да биде лесен, но очекува успешно издание на неговите играчи и најави голема борба во текот на сите 90 минути.

„Имаме предност од само еден гол. Ако некој мисли дека овој двомеч е завршен, мислам дека живее во заблуда. Лајпциг е исклучително опасен тим, потентен во офанзивата и со прилично цврста одбрана. Наша задача ќе биде да ја сочуваме предноста, но и да постигнеме уште некој гол.

 

Нема да се браниме, ниту, пак, да играме на резултат. Ќе дадеме 200% од можностите за да продолжиме во четвртфиналето, затоа што ова натпреварување е нашиот заштитен знак. Реал Мадрид има славна традиција во елитниот ранг, а тоа ќе го докажеме и оваа сезона. Тимот има раскошен потенцијал и знам дека сме способни за прогрес во следната етапа“, рече Анчелоти.

РБ Лајпциг и Ељиф Елмас ќе имаат тешка задача на „Сантијаго Бернабеу“, но шансите за евентуално изненадување секогаш постојат. Возвратниот осминафинален дуел се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button