ВЕСТИЗДРАВСТВО

Засилени инспекции во градинките, тестирање и вакцинација против ширење на големата кашлица

Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед, се новите препораки  Комисијата за заразни болести (КЗБ) по нејзиното вчерашно заседавање во однос на спречување на пертусис.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вчера информра дека од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни.

Од 123 заболени со пертусис, најголемиот број , 119, се во градот Скопје,  по еден во Дебар, Тетово и Струмица

-Оправданоста на епидемијата што е прогласена во градот Скопје, уште еднаш се потврдува и со последниот извештај добиен од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај – Дебар, Тетово и Струмица, меѓутоа сѐ уште не можеме да кажеме дека состојбата се разговорува на национално ниво, што е добро, истакна Мехмедовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button