ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Карпош сè уште го чека ветениот парк од 60.000 м2

Повеќе од една година помина како беше најавен парк во Карпош 4. Просторот е израмнет и се подготвени околу 60.000 квадратни метри. Градоначалникот, Богоев, вели – сè е во рацете на Град Скопје кој треба да избере фирма за изведување на работите.

„Таму започнавме активности со меѓу општинска соработка со градот Скопје. Градот Скопје и општината го најавија паркот, започна таму расчистувањето и беше објавен конкурс од страна на Град Скопје за најдобар проект којшто ќе треба да биде усвоен понатаму од Комисијата и беше во тој период усвоен“, рече Стефан Богоев, градоначалник на Карпош.

Скопскиот градоначалник Шилегов вели проектот доцнел поради истрага. Имено, МВР во април поднело кривична пријава за загрозување на животната средина откако местото било затрупано со градежен шут и смет од Инфективната болница.

„Па може до крајот на јуни веќе и официјално да започнеме само треба да ги до расчистиме формалностите со Министерство за внатрешни работи со оглед на поднесената кривична пријава“, рече Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се стопира градбата на паркот, кој инаку треба да се наоѓа меѓу Илинденска и кејот на Вардар. Според партијата, со него може да се загрозат бунарите со вода за пиење кои се користат за потребите на градот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button