ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Кавга во анкетната комисија за случајот „Онкологија“

Уште една драма во Собранието. Овој пат во Анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Членовите на комисијата не успеаја да се договорат за заклучоците од досегашната работа.

Advertisements

Пратениците од СДСМ велат дека претседателката на комисијата која е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, прочитала лични заклучоци, а ги претставила како да се на комисијата. Тие побараа нејзина оставка.

Мизрахи рече дека на седницата го следела патот на правдата.

Предложените заклучоци на Мизрахи водат кон политичка одговорност за поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на онкологија Никола Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на Здравствениот и санитарен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и поранешните директори на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button