ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Словенија во есенска „жетва“ на работници од Македонија

За возач на камион во Словенија платата започнува од 2.000 евра месечно со вклучена обука. Ова е понудата на една од словенечките компании кои бараат работници од нашата земја. Покрај возачи, дојдоа и многу млади заинтересирани за вработување во здравствениот сектор во Словенија.

Претставниците на словенечката амбасада истакнаа дека се задоволни од интересот на нашите граѓани кои бараат работа во Словенија, особено од младите.

„На годишно ниво издаваме околу 3.800 работни дозволи, јасно е дека трендот е во пораст и се зголемува секоја година. Поради тоа потпишавме билатерален договор со Заводот за вработување на Република Северна Македонија“, рече Анка Роде – раководител на одделение за вработување на странци во Словенија.

Најголем дел од работодавачите се од областа на здравството, градежништвото, производството, транспортот, техничките дејности и угостителството. Презентацијата имаше за цел да ги претстави тековните потреби на словенечките фирми кои се соочуваат со значителен недостиг на персонал.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button