МАКЕДОНИЈА

Казнети 196 возачи во Скопје, десетици од нив за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40, 14 за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 72 за непрописно паркирање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button