ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казнети 203 возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се 15 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, 11 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 39 санкции што ги прават возачи на мотоцикли…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button