МАКЕДОНИЈА

Казни за 86 мотоциклисти на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 86 возачи.

Од нив, како што денеска соопштија од МВР, 18 возеле без возачка дозвола, 51 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button