ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе нема судење за малата Тамара, немало докази!

Ќе нема судење за малата Тамара, немало докази!

Пресврт на судењето за малата Тамара Димовска од Велес која почина чекајќи државна помош за лекување во странство. Обвинителот Ангел Фидоски од Обвинителството во Скопје крена раце од кривично гонење за случајот „Комисија“. Се гонеа лекари кои не овозможиле навремено лекување на малата Тамара во странство. Обвинителот Фидоски го повлече обвинението против поранешните директори на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази и претседателката на управниот одбор на Фондот Елена Трпковска. За другите девет доктори меѓу кои и директорката на детската клиника, Аспазија Софијанова, обвинителот Фидоски го преквалификува делото. Иако, досега се гонеа за неовластено работење, тоа е сменето и ќе се гонат по Закон за здравствено осигурување. Со ова, ем казната е парична, ем делото е веќе застарено. Осумгодишната Тамара Димовска почина во 2015 година додека се водеше процедура за операција во странство, бидејќи боледуваше од сколиоза.

„Од доказите коишто беа изведени во текот на главната расправа, како материјални, така и вербални, произлезе дека навистина истите не се сторители за кривичното дело за кои ги теретевме, односно истото кривично дело несовесно работење во службата…“, изјави Анел Фидовски, обвинител во ОЈО Скопје./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button