ВЕСТИСВЕТ

Кина ѝ кажа на ЕУ дека ќе работи на мир во Украина на свој начин

Кина ја уверува Европската унија дека ќе работи на постигнување мир во Украина под сопствени услови, отфрлајќи ги притисоците за поостар став кон Русија поради нејзиниот неиспровоциран напад врз Украина.

Премиерот Ли Кечијанг вчера им рече дека лидерите на ЕУ дека Пекинг се залага за мир на „свој начин“, додека претседателот Си Џинпинг изјави дека се надева оти ЕУ ќе ја третира Кина „независно“, алудирајќи на блиските врски на Европа со САД.

За време на виртуелниот самит со Ли и Си, европските лидери побараа Кина да не ѝ дозволи на Москва да ги заобиколува западните санкции наметнати поради руската инвазија врз Украина.

„Ја повикавме Кина да помогне да се стави крај на војната во Украина. Кина не може да замижува пред руското кршење на меѓународното право“, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на заеднички брифинг со медиумите со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Секој обид за заобиколување на санкциите или за обезбедување помош за Русија ќе ја продолжи војната“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button