ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен дилер во Скопје, пронајдена марихуана во неговото возило

Триесет и седумгодишен скопјанец е приведен синоќа откако во неговото возило, под хаубата е пронајдено едно пакување со околу 350 грана марихуана.

– На улицата „Словенечка“ во Скопје, вчера околу 23:45 часот, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.П.(37) од Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button