ВЕСТИСВЕТ

Кинезите бараат истрага на СЗО во САД – „Ковид потекнува од Мериленд“

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага во лабораторијата Форт Детрик во САД поради сомнежи дека е можен извор на коронавирусот.

Петицијата е иницирана од кинескиот Глобал тајмс, а од Светската здравствена организација (СЗО) се бара  да го испита случајот.

СЗО треба да го почитува јавното мислење и темелно да го испита Форт Детрик и повеќе од 200 американски прекуокеански биолошки лаборатории, се наведува во коментарот.

Таков став на социјалните мрежи сподели и портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Жао Лиѕијан:

“Ако треба да се испитаат лаборатории, тогаш експертите на СЗО треба да одат во Форт Детрик. САД треба да дејствуваат транспарентно и одговорно што е можно поскоро и да ги поканат експертите на СЗО за истрага во лабораторијата Форт Детрик. Само на овој начин може да се открие вистината на светот“, напиша Жао на Твитер.

Своите сомнежи Кинезите ги поткрепуваат со информациите дека во август 2019 година, во Мериленд се појавиле случаи на белодробни заболувања, кои тогаш биле поврзани со употребата на електронски цигари. После тоа, Медицинскиот институт за инфективни болести на американската армија во Форт Детрик бил ненадејно затворен, а властите одбиле да објави повеќе информации, наведувајќи ја „националната безбедност“ како причина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button