СВЕТ

Еквадор му го одзеде државјанството на Џулијан Асанж

Еквадор му го одзеде државјанството на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, кој во моментов е во затвор во Велика Британија.

Судските власти во Еквадор официјално го информирале за ништовноста на неговото барање за натурализација, односно за процесот на доделување државјанство.

Натурализацијата се разгледува кога е дадена врз основа на прикривање на релевантни факти, фалсификувани документи или измама, пренесува „Гардијан“.

Еквадорските власти објавија дека документите за натурализацијата на Асанж содржат неколку недоследности, различни потписи, можни измени во документите и неплатени такси.

Адвокатот на Асанж, Карлос Поведа, рече дека оваа одлука е донесена поради процесот и дека на Асанж не му било дозволено да се појави во овој случај.

Тој најави жалба во која ќе побара појаснување на одлуката на еквадорските власти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button