КОШАРКАСПОРТ

Кливленд со шут од 18 метри стигна до победа против Далас!

На 2,6 секунди до крајот Далас имаше еден поен прденост во однос на Кливленд, 119-118, и се чинеше дека се е готово. Но, така не мислеше фантастичниот Макс Струс кој од 18 метри, буквално во последените мигови од мечот погоди неверојатна тројка за победа на својот тим.

Струс во последните пет минути од средбата реализираше пет тројки. Од друга страна Лука Дончиќ заврши со 45 поени, но и тоа не беше доволно за победа.

По 1996/97 ова е вториот шут од најголема далечина за победа. На останатите мечеви утринава во НБА се постигнаа следните резултати:

Орландо – Бруклин 108:81, Вашингтон – Голден Стејт 112:123, Аталанта – Јута 124:97, Бостон – Филаделфија 117:99, Њујорк – Њу Орлеанс 92:115, Чикаго – Детроит 95:105, Милвоки – Шарлот 123:85, Минесота – Сан Антонио 114:105, Оклахома – Хјустон 112:95, Портланд – Мајами 96:106.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button