Клус: Северна Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите со ЕУ

Будењето на духовите од минатото, вклучувајќи ја и идејата за промена на границите е опасна идеја и не треба да се става на маса, рече денеска во одговор на новинарско прашање, заменик министерот за надворешни работи на Словачка, Мартин Клус. Промена на границите за нас е неприфатливо и воопшто не треба да се става на маса, рече тој.
Во однос на европерспективата на Македонија и Албанија, Клус рече:
„Веруваме дека двете земји, Албанија и Северна Македонија, треба заедно да ги започнат преговорите, така е полесно за двете земји, но полесно и за нас. Така полесно ќе ги споделиме своите искуства, вклучувајќи ги и оние коишто ги имавме во Словачка и кои не се само позитивни, секако. Сигурен сум дека ако двете земји ги започнат преговорите заедно и двете ќе станат членки на ЕУ мошне побрзо. Тоа е нашата стратешка цел во Словачка“, рече Клус.