ЗАБАВА

Кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 3 декември?

Сè до 3 декември ќе бидеме под влијание на енергијата на ретроградниот Нептун. Оваа планета е тесно поврзана со соништата и илузиите, па така може во значителна мера да ни помогне да ги оствариме нашите соништа.

Постои веројатност дека за време на ретроградниот Нептун ќе настапи значителна промена во однос на нашите ставови како и плановите за иднината. Така, во овој период од исклучителна важност е да си посветиме доволно време себеси. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 3 декември.

Близнаци

Иако сакате да го поминувате најголемиот дел од времето во друштво со пријателите, сепак овој период ќе одвоите време и за себе. Покрај тоа, време е да се соочите со вашите инстинкти и чувства, особено доколку ги потиснувавте во последно време. Опуштете се и дозволете сè да излезе на површина. Не заборавајте дека кога ќе се поврзете со вашето внатрешно битие ќе можете полесно да ги залечите раните од минатото, но и да добиете одговори на прашањата кои ве мачат долго време.

Вага

Сè уште не може да ги пребродите тешките и болни искуства од минатото, но време е да ѝ кажете крај на болката која ви ја предизвикуваат. Сè до 3 декември ретроградниот Нептун ви нуди можност да се соочите со вашите чувства. Одвојте време за себе и размислете што е тоа што толку многу ве повредило, а токму овие сознанија ќе ви дадат сила да простите и да продолжите понатаму. Астролозите ви препорачуваат да бидете пољубезни кон себе.

Стрелец

Иако сте дружељубива личност која честопати е во центарот на вниманието и остава впечаток на задоволна и среќна личност, некои работи ќе почнат да се менуваат. Под влијание на енергијата на Нептун ќе престанете да глумите пред другите и да покажувате лажна насмевка доколку тагата се крие во вас. Ова ќе биде вашата најголема промена во следните неколку месеци. Со други зборови, оваа промена ќе ви помогне да се прифатите себеси онакви какви што сте.

Откако ја прочитавте дадената прогноза, погледнете какви се очекувањата на астролозите околу тоа – кои ќе бидат најсреќните знаци до крајот на јули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button