ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кој стои зад безбедносната компанија „2SS Security“ која не реагирала во спречувањето на нападот на М-НАВ?!

Кој стои зад безбедносната компанија „2SS Security“ која не реагирала во спречувањето на нападот на М-НАВ?!

Извори од М-НАВ посочуваат дека фирмата за обезбедување со промет од 3 милиони евра годишно е на партискиот партнер на Ахмети.

И покрај тоа што го доби тендерот за заштита на просториите на Акционерското друштво за контрола на цивилни летови во Македонија, вработените во „2SS Security“ дозволија неовластени лица да влезат во радарските канцеларии на скопскиот аеродром, каде што тројца контролори биле нападнати во работното време во четвртокот околу 15:15 часот.

Според Кривичниот законик, се очекува „2SS Security“ да сноси кривична одговорност  за незаштита на објекти од национален безбедносен интерес, како што се набљудувачките простории на М-НАВ, каде што партиската поврзаност на нивните газди со шефот на Огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири ја отвориле рампата за да влезат  два автомобили, се сомничи дека се уште 7 непознати лица кои дошле по налог на Беким Незири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button