СПОРТФУДБАЛ

Контактиран потенцијалниот наследник! На Солскјер му се тресе столчето по катастрофалниот пораз од Тотенхем

Оле Гунар Солскјер мора веднаш да почне со победи, бидејќи по шокантниот пораз од Тотенхем со 6: 1 во текот на викендот, неговата менаџерска позиција е сериозно загрозена.

Според англиските медиуми, по шокот на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со потенцијалниот наследник на Солсјер, а станува збор за Маурицио Покетин.

Овој аргентински тренер беше сменет во Тотенхем пред 11 месеци и оттогаш чекаше нова работа.

Претходно, тој интензивно беше споменуван во контекст на преземањето на Барселона, како и на Јувентус, но позициите ги преземаа Роналд Куман, односно Андреа Пирло.

Покетино моментално е на одмор, а ваквите вести се само дополнителен поттик за Солскјер да ги подигне „црвените ѓаволи“, бидејќи тие собраа само 3 поени на трите одиграни натпревари во оваа сезона, со гол-разлика 5-11.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button