ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Концесионерите сами ги отстрануваа платформите во Струга, Мерко тврди дека нема дивоградби

Отстранувањето на бесправните објекти на струшкото крајбрежје се сведе на шест платформи на плажите, чиешто отстранување започна денес и покрај тоа што Мерко тврдеше дека во Струга нема дивоградби во заштитениот појас. Дури и самиот Мерко на една од плажите со копач во рака се обиде да отстрани некоја од даските.

Прашање: „Што се смени кај вас градоначалник за толку кратко време, кога три години упорно тврдите дека во Струга нема дивоградби, дека Струга не е под УНЕСКО, дека Охрид сам треба да си го реши ова?

„Исто го велам пак, дека не се дивоградби. Овие се со одобрение направени. И овие се влезени во одобренијата. Значи не се дивоградби. Вие само шпекулирате“, рече Мерко.

Нервозен од прашањата. Мерко дури влезе и во отворен конфликт со новинарите. Вели дека бројката од 65 дивоградби, во заштитениот појас како што Алсат неодамна објави, била неточна, иако беше потврдена и од секретарот на општината.

Прашање: Државен завод за ревизија имаше извештај дека имате над 2000 дивоградби. И тие не знаат?

Пак шпекулирате. Ти пак шпекулираш. Јас ќе ти кажам.

Новинар: Писмена сум…

„Не си. Затоа што сите тие дивоградби се пред 2011 година. Сите имаат предмети за легализација. И се чека да се легализираат. Не се во заштитениот појас. Тие се шпекулации и тоа големи шпекулации. Слушај сега, абе слушај сега, пак ти. Ти велиш едно, јас знам друго. Значи овде нема дивоградби“, рече Мерко.

Мерко зборуваше во  присуство на Артан Груби и министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири, кои се обидоа настанот да го искористат за промоција на својот кандидат за локални избори.

„Граѓаните се определија за да го изгласаат Рамиз Мерко за градоначалник и впрочем пензионирајќи го лидерот на една политичка партија за секогаш во неговото родно место, каде го порази на минатите избори. И се надевам дека ќе се осмели повторно да се кандидира и на овие избори, за да се повтори одлуката од пред 4 години“, рече Груби.

Поранешните концесионери во петокот добиле решенија од општината за отстранување на платформите.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button