МАКЕДОНИЈА

Водата во велешко езеро „Младост“ е исправна за капење

Водата во велешкото езеро „Младост“ е исправна за капење и рекреација, покажуваат последните анализи на водата кои ги направија стручњаците од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес.

Направени се хемиски и микробиолошки тестирања на мострa земена од Плажа број 1 и според добиените резултати параметрите се во границите на максимално дозволените граници.

Како што информираат од оваа установа, резултатите од лабораториските анализи на мостри земени од водата на Градска плажа бр.1, покажуваат дека во однос на микробиолошките индикатори, водата е исправна, додека според физичко-хемиските параметри водата по матност е во 3-та, а по однос на другите параметри е во 2-ра и 1-ва класа.

Водата во река Бабуна, пак, не е дозволена за капење и рекреација, затоа што анализите на ЈЗУ Центарот за јавно здравје направени на мостри земени на мерно место Плажа 1, покажaле дека е бактериолошки неисправна и е во 3-та класа.

По другите параметри водата во река Бабуна е во 2-ра и во 1-ва класа и не може да се користи за капење и рекреација, а не може да се користи и за наводнување на земјоделски култури и овошки, кои се наоѓаат во бавчите покрај самата река.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button