МАКЕДОНИЈА

Нуредини: Неопходна е поддршката на развиените земји за праведна транзиција на земјите во развој

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска се обрати на првата сесија од Неформалниот состанок на министрите за животна средина на ЕУ во Љубљана, посветена на меѓународните климатски преговори и патот до COP26, при што ја презентираше зголемената национално определена амбиција за редукција на емисиите на стакленичките гасови за 51 проценти о 2030 во споредба со 1991 година, односно нето редукција од 82 проценти, соопшти МЖСПП.

Притоа, Нуредини ја истакнал потребата за поддршка од страна на развиените земји за постигнување на одржлив развој на помалите економии и ранливите држави како нашата, особено, како што рекол, од аспект на постигнување на праведна енергетска транзиција, јакнење на човековите капацитети и градење на инфраструктура.

На денешната сесија на ЕУ министрите за животна средина, на која биле поканети и земјите кандидати за членство, се разговарало за одржувањето на лидерската позиција на ЕУ во климатската акција и се преговарало за преземање на соодветните чекори за овозможување на успешна конференција на земјите членки на Рамковната Конвенција за климатски промени во Глазгов, како и конечна операционализација на Договорот од Париз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button