МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците со реакција на изјавите на Рамиз Мерко

На изјавата на градоначалникот Мерко, дека во Струга нема дивиградби во заштитениот појас, реагираа од Алијанса на Албанците. Од таму велат дека криминалците се вратиле на местото на злосторството. Денес главните виновници што Струга стана црна овца, излегоа без срам и се пофалија со нивниот криминал, обидувајќи се да ги измамат граѓаните.

„Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години во кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса- шоу во стилот на Артан Груби. Во Струга главен проблем не се 6 -те платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето. Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план. Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ, Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите.На многубројните проблеми во Струга им се гледа крајот, во Октомври жителите сами ќе ги решаваат проблемите и овој пат нема да помогне ниту тендер коалицијата ниту кражбата на гласовите“, рече Имер Имери, претседател на огранокот на Алијанса на Албанците во Струга.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button