
Централната изборна комисија на Косово отфрли 3.435 пликови со гласачки ливчиња од дијаспората. Одобрени се 8.212 пликови, додека вкупниот број на претпоставени пакети со гласачки ливчиња кои беа подложени на процес на оценување беше 11.653.
„Причините за нивното одбивање се различни. Некои беа испратени од лица кои не се регистрирани како гласачи надвор од Косово; некои други затоа што биле испратени од лица кои биле одбиени во периодот на аплицирање. Исто така, во некои случаи пакетите беа испратени од неидентификувани гласачи, групно гласање; или затоа што приложиле неважечки документи во пакетот што го испратиле“, рече Валмир Елези, портпарол на ЦИК.
Во меѓувреме, започна процесот на пребројување на гласовите на 12 избирачки места. Причината за пребројувањето е фактот дека при приемот на изборниот материјал, овие избирачки места не биле прифатени како редовни. Во некои случаи, формуларите не биле потпишани или биле оставени празни.
Вјолца Алити