ВЕСТИРЕГИОН

Косовската полиција пронајде уште еден загинат терорист

Бројот на терористи убиени од косовската полиција за време на антитерористичката акција кај Бањскиот манастир во Звечан достигна четворица. Косовската полиција објави дека било најдено уште едно тело во близина на манастирот. Двајца ранети терористи се згрижени во косовските болници, додека министерот за внатрешни работи Свечла изјави дека уште шестмина други се во болница во Нови Пазар. Тој ги повика српските власти да им ги предадат терористите на институциите за спроведување на законот на Косово.

„Според досегашните информации, 6 ранети терористи се згрижени во болницата во Нови Пазар и бараме Србија веднаш да им ги предаде на косовските власти за да одговараат пред правдата за нивните терористички акти. Исто така, секој друг член кој успеал да побегне во Србија, бараме од Србија да го предаде“, рече Џељал Свечла, министер за внатрешни работи на Косово.

Од рациите и запленетите материјали е откриено дека во едно од возилата се пронајдени документи на политичарот од Српската листа, потпретседателот Милан Радојчиќ за кого косовската полиција се сомнева дека можеби бил дел од организираната терористичка структура. Генералниот директор на полицијата Газменд Хоџа изјави дека терористите се сомничат дека се дел од „Групата за цивилна заштита“ и таканаречената „Северна бригада“ кои се под раководство на Радојчиќ.

Билансот на запленетиот арсенал вклучува 24 автомобили, оклопно возило, ракетни фрлачи, автоматски пушки, беспилотни летала, муниција и воена облека.

Утрово убиениот косовски полицаец од страна на српските терористи, Африм Буњаку беше прогласен за херој на нацијата. Претседателката Вјоса Османи рече дека нема сила што ќе ја тера Република Косово да падне на колена.

„Денес Косово има херој кој го жртвуваше својот живот за безбедноста на нашите граѓани. Африм Буњаку се соочи со бандите од Белград. Нашиот херој беше силен столб на косовската полиција, покажа невидена храброст. Африм нè потсетува дека хероите не се раѓаат, туку се создаваат од нивните дела“, рече Османи.

Специјалното обвинителство соопшти дека работи на докажување тешки кривични дела како што се убиство, злосторничко организирање, нарушување на уставниот поредок, терористички напад, терористички напад и здружени криминални дејствија. Акцијата продолжи и во текот на денот. Полицијата и обвинителството работат на контрола на регионот каде се случија вооружените судири меѓу косовската полиција и терористичката група, а се трага и по другите членови на групата кои избегале од местото на злосторството.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button