ВЕСТИРЕГИОН

Косовската влада одговори на предлогот на Еди Рама за српската Заедница

Владата на Косово одговори на предлогот на премиерот на Албанија, Еди Рама, за нацрт-статутот на Здружението на општини со српско мнозинство. Косовската влада очекува официјална поддршка од Албанија бидејќи посредници веќе имало и премногу. Портпаролот на Владата на Косово, Прпарим Круезиу за „КосоваПрес“ рече дека српската цел за Заедницата се гледа и со нон-пејперот на Српската академија на науките и уметностите.

„Прашањето на претходните договори за Заедницата на општини со српско мнозинство е прашање на функционалноста на државата Косово и тоа беше потврдено со нацртот што го презентираше менаџерскиот тим предводен од заменикот на Вучиќ, кој имаше за цел да се формира Република Српска во Косово, а неодамна и со нон-пејперот на Српската академија на науките и уметностите каде се зборува за „српскиот свет“. И во двата случаи во прашање е Косово. Во двата случаи, опасноста е Србија. Од официјална Албанија очекуваме поддршка. Посредици имаме многу“, рече Прпарим Круезиу, портпарол на Владата на Косово.

Од друга страна, аналитичарите сметаат дека предлогот на Еди Рама, без за него да се консултира со косовските институции, претставува обид за протагонизам.

„Не сакам да го гледам секој чекор на Република Албанија во однос на Косово како мешање во внатрешните работи, но сметам дека извештајот треба да биде таков да не им попречува на надлежните во Косово. Ова го видов како негова намера да игра улога на неутрален, но тој не е неутрален, бидејќи неговиот пристап беше повеќе од неутрален во односите Косово-Србија“, вели Албинот Малоку, аналитичар.

„Можам да кажам дека тоа ми изгледа како нацрт што се чини дека доаѓа повеќе од странските канцелари, а е претставен преку господинот Рама. Таквите документи бараат време и помош и пред сè еден вид подготовка и најава дека се работи на таков нацрт. Во моментот кога косовските власти велат дека не знаат ништо за тоа, тоа некако остава простор за сомнеж. Што се однесува до процесот и придонесот на Албанија, мислам дека треба да се цени, бидејќи Албанија не може да се држи настрана од другите актери“, рече Бен Андони, аналитичар.

Албанскиот премиер нацртот за формирање на Заедницата го достави до германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Од Европската унија соопштија дека станува збор за сериозен документ.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button