МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: „Балансерот“ за вработување се злоупотребува

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го искоментира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот, но не беше конкретен дали ваквата идеја би ја поддржал. Тој смета дека треба да се изнајде решение за предизвиците, зашто оваа мерка за рамномерна застапеност се злоупотребувала при вработувањата во администрација. Ковачевски вели дека балансерот бил воведен токму од страна на ВМРО и е дел од Охридскиот договор.

„Ние мора да воведеме закони, принципи и механизми, бидејќи овој механизам, балансер, којшто е софтверско решение направено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека почна да се злоупотребува. Било кого да прашате, тоа ќе ви го потврди. Мора да изнајдеме решение сите заедно, бидејќи тоа решение е направено врз основа на Рамковен договор“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button