ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комитетот за односи меѓу заедниците не си ја заврши работата

Комитетот за односи помеѓу заедниците низ годините не можеше да ја исполни својата мисија. Во анализата со наслов „Комитетот – 20 години неискористени можности и предизвици“ се нагласува дека ова тело доминантно е под политичко влијание, со што партиската припадност и следењето на партиските директиви ја одредува работата. Во анализата се истакнува дека неговиот придонес не е значаен затоа што и Собранието не постапувало по донесените заклучоци.

Професорката Ана Чупеска нагласи дека во комисијата има тим кој ќе помогне во реализацијата на планираните активности.

Авторите на анализата Ризван Сулејмани, Ана Чупевска и Рубин Земон препорачуваат работата на ова тело да се стави во улога на рано откривање и спречување на влошени меѓуетнички односи, особено во „гаснењето“ на жариштата. Комитетот за односи меѓу заедниците ја избира Собранието, а ја сочинуваат 19 пратеници, од кои 7 од македонските партии, 7 Албанци и по еден Турчин, Влав, Ром, Србин и Бошњак.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button