МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Братска поделба на министерствата со ВМРО-ДПМНЕ

Намерата е искрена, нека види народот дека ова не е борба за власт, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“, премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за разговорите и предлозите од лидерската средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, дел од процесот и сметав дека треба да се понуди широко обединување на македонската политичка сцена и понудив ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од владата. Прво да го отвориме Уставот, со две третини, сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата и тоа 50% од министерските места што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека е тоа најфер, братски. Пола – пола. За да види народот дека се работи за искрена намера. Сум кажал многу пати дека ова не е борба за власт“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button