ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УТ: Критики за партиска блискост на еден од кандидатите за ректор

Конкурсот за избор на нов ректор на Универзитетот во Тетово предизвика реакции во јавноста. Кандидатот за ректор Јусуф Зејнели е мета на критики. Фактот дека е близок со ДУИ, што се докажува и преку видео снимки на кои се гледа како учесник во прослава на која пее на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е екстремна партизација на Универзитетот – според критичарите ректорот се избира во Мала Речица, а не од Универзитетот.

„Оваа е партиско, всушност е партиска припадност. ДУИ зеде замав, не знам до каде ќе оди, Господ нека ни е на помош“…

„Тука има многу непотизам, партиска работа, корупција, неправда, народот молчи. Државата ја прави народот, каков народ, таква држава. Да биде народот револуционерен, не може да играат партиите, ниту било кој“…

„Искрено можам да кажам дека сум родител само три недели и уште од сега сум загрижен за овој дел од образованието, каде на пример ќерка ми ќе го продолжи своето образование“…

„Корупцијата фаќа замав, не само кај професори, туку нема сегмент во оваа држава што остана без корупција, без корупција те прават будала“, рекоа анкетираните граѓани.

Покрај критиките дека е близок со ДУИ, Зејнели се соочи и со уште едно обвинување на „Фејсбук“.

„Како може Универзитет да го води човек како Јусуф Зејнели! Студентите знаат за неговите постапки, јас знам и имам факти и докази! Денеска ќе зборувам без ракавици, кога бев студент, пак повторувам, кога бев студент, дотичниот сакаше да пие кафе со мене во Приштина, но не некаде во Македонија бидејќи може некој ќе не види, не знам, и ден денес ве тера да размислувате многу, иако го имате одговорот! Колку други услуги побарал од другите студенти кои молчат и не зборуваат“…

АЛСАТ стапи во контакт со Ардијана Даути која е подготвена да сведочи ипред истражните органи во земјава.

Партизацијата на високообразовните институции, експертите долго време ја коментираат како деструктивна за домашните универзитети. Но и покрај ова, кандидатот за ректор, моментално декан на Правниот факултет, Јусуф Зејнели не сакаше да одговори на прашањата поврзани со обвинувањата и бројните критики во јавноста за неговата блискост со ДУИ и за недолично однесување кон студентите.

Прашања на АЛСАТ, упатени до Јусуф Зејнели
1- Како ги коментирате критиките во јавноста за вашата блискост со Демократската Унија за Интеграција, што потенцијално влијае на понатамошната партизација на високото образование во Северна Македонија?
2- Имаше обвинувања и за неморално однесување од ваша страна. Поточно, поранешна студентка јавно ве обвини дека сте и барале услуга, да пиете кафе, итн. Кој е вашиот коментар за ова?

Покрај Јусуф Зејнели, во трката за ректор на УТ се и Миќереме Руси, Башким Зибери и Дервиш Алими.
Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button