ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски и Таравари утре на средба за проширување на Владата

Ковачевски и Таравари утре на средба за проширување на Владата

Cе очекува утре и официјално да почнат разговорите меѓу Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски и преговарачкиот тим на Алијанса за Албанците за евентуално вклучување на оваа партија во власта. Двете страни соопштија дека првично во овие разговори ќе треба да се договорат за владината програма, а на крајот ќе зборуваат и за поделба на функциите. Покрај Таравари, во преговарачкиот тим на АA се и Зиадин Села, Кренар Лога, Исен Шабани, Илире Даути, Бујаре Абази и Елми Азири.

Од СДСМ не соопштуваат детали кој ќе ја претставува Владата, но велат дека на земјава ѝ е потребно мнозинство со сите политички партии кои се за членство на земјата во ЕУ.

Ниту од Алтернатива немаат именувано претставник од нивната партија кој ќе биде дел од овие преговори. Од Алтернатива рекоа дека тоа не е ни потребно, бидејќи владејачките партии прво треба да се договорат меѓу себе дали мнозинството треба да се проширува.

Од друга страна, Александар Николовски од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Таравари можеби е уценет со нешто поради што ќе биде принуден да влезе во Владата.

На ова рагираа од Алијанса за Албанците. Ја повикаа ВМРО да размисли што прави бидејќи, како што велат, нивен лидер и понатаму е азилантот Никола Груевски.

„Ова се случува благодарение на нереформирана партија во нејзината идеологија и кадровско управување и ова е срам за македонската политичка сцена. Вие сте соучесници во 10 годишната изолација на земјата што оваа земја ја направи место во кое не може да се живее, па 700.000 луѓе се иселија. За среќа, вашата реторика отиде во азил и со овој пристап останувате дестабилизирачки фактор за Северна Македонија. Не го храните македонскиот граѓанин со поезија, туку побарајте помош за да излезете од калта во која ве потона Левица….“, се вели во реакцијата на Алијанса./Alsat.mk

Ардит Рамадани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button