МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Изјавата на Борел влијателна за процесот, но потребни се дела

Премиерот Димитар Ковачевски изрази увереност дека изјавата на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, со која апелираше крајот на француското претседателство да биде рокот до кога мора да се надмине спорот меѓу Софија и Скопје и да започнат преговорите на Македонија и на Албанија со Европската унија, ќе влијае поволно за интензивирање на процесот.

Advertisements

„Сакам да верувам дека преку такви изјави ќе се влијае процесот да добие на интензитет, меѓутоа, сакам да верувам и дека ќе се премине од изјави и декларации на оперативна имплементација на организирање на прва меѓувладина конференција за С Македонија и Албанија“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button