ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шефот на австриската дипломатија во Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на Северна Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на Османи и Шаленберг ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата. Соговорниците ќе се осврнат и врз политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и врз мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button