ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на АА за кадровски промени од партијата

Пратеничката група на СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата во однос на кадровски промени од редовите на Алијанса за Албанците и врз основа на ставот којшто ќе го имаат и пратениците на АА, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Во однос на односите во Алијанса ќе ги прашате во Алијанса, јас не можам да одговорам во име на друга партија. Ако доставиле предлог до претседателот на Владата тогаш ќе го прашате претседателот на Владата каков предлог добил. А за тоа како ќе гласа пратеничката група на СДСМ таа ќе гласа во согласност со предлогот којшто ќе дојде од страна на Владата и секако врз основа на ставот којшто ќе го имаат и пратениците на Алијанса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button