ВЕСТИРЕГИОН

Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата за Србија

Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур ја изгласаа резолуција за локалните и парламентарните избори во Србија, со која се бара и меѓународна истрага за гласањето.

За резолуцијата гласаа 461 европратеник, против беа 53, а воздржани 43.

Документот повикува на независна меѓународна истрага за наводите за нерегуларности на изборите одржани на 17 декември 2023 година во Србија.

Во документот се наведува и дека ЕУ би можела да го прекине финансирањето на Србија доколку властите во Белград не се подготвени да ги спроведат клучните изборни препораки или ако истрагата покаже дека српските власти директно биле вклучени во изборна кражба.

Доколку владата одбие да спроведе меѓународна истрага, пристапот до средствата до Србија ќе биде укинат.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button