ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски тврди, обвинувањата на опозицијата за автопатите биле неточни

Ковачевски тврди, обвинувањата на опозицијата за автопатите биле неточни

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека сите законски измени кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10-Д се базираат на посебниот закон одобрен за овој инфраструктурен проект. Според него, тврдењата на опозицијата за експропријацијата на имотот не се точни и оти на крајот, законските измени ќе докажат оти тоа се прави за да се намалат трошоците за проектот.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува указите за законите со кои, како што рече, се прикрива криминалот и корупцијата на Владата и се фаворизираат приватни градежни партнери наместо државата.

Вицепремиерот Артан Груби на средба со новинарите заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека доколку нема работници за изградба на коридорите, ќе се донесе работна сила од странство./Алсат.мк

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button