ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ја проверува работата и однесувањето на в.д. претседателката на кумановскиот суд

Судскиот совет ја проверува работата и однесувањето на в.д. претседателката на кумановскиот суд

Судбината на претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев, која на колегите Албанци им се обраќала со „шиптари“ е во рацете на албанскиот член на Судскиот совет, Ханиф Зендели. По барање на министерот за правда, Кренар Лога, органот за надзор на работата на судовите итно да постапи за однесувањето и постапувањето на Манев, од Советот соопштуваат дека работата е предадена на координатор.

„Писмото е упатено до координаторот на Судот во Куманово, Ханиф Зендели, да се информира и да постапи согласно неговите надлежности предвидени со годишната организација на Судскиот совет. По добиената информација од координаторот (Ханиф Зендели), Судскиот совет ќе постапи согласно законските овластувања“, велат од Судски совет.

Од Зендели останува дали по разгледување на барањето на министерот Лога и врз основа на извештајот од посетата на Судот на Куманово, ќе предложи разрешување на в.д. претседателката или ќе реализира нова работна посета на овој суд. Но, тоа е речиси невозможно бидејќи на претходната посета била утврдена фактичката состојба, а извештајот бил одобрен на седницата на советот на 13 март 2023 година. Но, не било преземено ништо во однос на разрешување и покрај тоа што наодите во извештајот се слични на оние за кои одредени судии завршија во затвор. Во писмото на министерот Лога се нагласува дека непостапувањето на Судскиот совет ќе го обврзе Министерството за правда да го алармира и меѓународниот фактор. Лога пред неколку дена го потсети Судскиот совет дека во случај на непреземање мерки, во следната комуникација треба да го нарекуваат „шиптар“, исто како што Манев им се обраќала на судиите Албанци и вработените во судот.

„Министерството за правда ве известува дека доколку Судскиот совет не започне во најкраток можен рок соодветни постапки за утврдување одговорност на претседателот на судот и во рамките на законските овластувања да преземе мерки за построги санкции, како министер за правдата, потенцирам дека не само што нема да бидам нем набљудувач на состојбите, туку за случајот ќе ја известам целата јавност и меѓународната заедница“, се вели во Барањето на министерот Лога до Судскиот совет.

Во извештајот е констатирано и одолговлекување и нерагуларна верификација на предметите во АКМИС системот, немање докази за смена на судии од АКМИС системот, немање податоци за дел од судиите во системот за автоматска распределба на предметите, отсуство на унифициран начин за ангажирање на адвокати на одбраната по службената должност и да се води сметка за човечките односи. Снежана Манев беше критикувана дека и од порано ги нарушувала меѓучовечките односи. Нејзини колеги од Судот во Куманово преку јавно писмо упатено до Судскиот совет, пишуваа дека се соочуваат со страв и неизвесност секој работен ден. Дипломатските претставништва, вклучително и амбасадите на ЕУ и САД биле известени за нејзините постапки.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button