ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковид 19; Бројот на новозаболени се намалува, но бројот на починати и натаму висок

Двојно помал број на заразени од Ковид-19, а голем број на смртни случаи се евидентираат во четвриот бран од пандемијата со корона вирусот во земјава. Вчера се регистрирани 41 починато лице како последица од Ковид, а се регистрирани 539 новозаразени. Пред само четири месеци кога имавме трет бран за само неколку дена во април се регистрираа висок број на смртни случаи но тогаш и бројката на новозаразени беше двојно поголема. На втори април имало 1320 новозаразени и 50 починати лица, и на седми април во земјава се регистрирани 1300 случаи и 51 починато лице.

 

Од Министерството за здравство велат дека во ковид болниците вчера се регистрирани  24 смртни случаи, а останатите 17 лица починале во изминатите неколку денови но преку матичните лекари податоците побавно пристигнуваат до ИЈЗ.

Министерство за здравство

„Вчера Институтот за јавно здравје објави 41 починат пациент од кои во изминатите 24 часа починати се 24 пациенти, останатите 17 починати пациенти се од приватни болници и домашни услови кои починале во изминатите неколку денови. За нив евиденцијата исклучиво оди преку матичните доктори, а ИЈЗ веднаш ги објавува. “

Вчера како последица од ковид почина 18 годишна девојка која немала никакво претходно заболување. Од министерството велат дека девојката на Клиниката за инфективни болести била донесена во тешка состојба со тахикардија.  Според светската статистика, државава е на четвртото место по смртност од ковид-19 на еден милион жители – над 73 лица, заклучно со 17 септември.

Andre Cobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button