Креаторите на „Јавна соба“ одговараат за детска порнографија

Започна судењето за случајот „Јавна Соба“, каде на руската мрежа „Телеграм“ се споделуваа фотографии и видеа од малолелетни девојки. Двајцата обвинети Дарко Костовски и Михаил Пановски, беа спроведени во судница од истражниот затвор Шутка каде издржуваат мерка притвор. Обвинителството ги гони за производство и дистрибуција на детска порнографија. Денеска обвинителството во воведен збор, посочи дека обвинетите се виновни, додека адвокатите побараа повеќе време за одбрана.
„Воопшто обвинителството за тоа нема никаков доказ и мојава изјава би ја завршил, подобро илјада виновни на слобода отколку еден невин во притвор, па сега ќе видиме каков ќе биде ставот на Судот“, рече Петро Јанура, адвокат.
„Обвинителството за да донесе ваков обвинителен акт, требаше да прибави круцијални докази, кои што и воопшто не постојат, а тоа ќе го видите во текот на постапката“, рече Мирјана Стевановска, адвокат.
„Доказите кои што се во предметот се иститие кои ние како одбрана ќе ги употребиме но во поинаква насока, дека од вештакот за форензика ќе се докаже дека второ обвинетиот не е сторител на ова кривично дело“, изјави Иванка Јакимовска, адвокат.